Кодирање и програмирање на автомобилски клуч во Скопје
Исечениот клуч ги отвора вратите, но моторот нема да се стартува додека чипот не биде впишан во имобилајзерот. Правиме дијагностика, кодирање, додавање нов клуч и брисење на изгубен клуч од меморијата - на лице место, со понуда пред работа.
Зошто клучот мора да се кодира, а не само да се исече?
Клучар Скопје кодира и програмира автомобилски клучеви преку имобилајзерот на возилото. Секој модерен клуч носи чип што автомобилот мора да го препознае - без тоа впишување моторот едноставно нема да пали, дури и клучот механички да е точен.
Работиме дијагностика, додавање нов клуч кога веќе имате постоечки, изработка на клуч кога сите се изгубени, и брисење на стар или украден клуч од меморијата. Излегуваме на терен низ цело Скопје и даваме цена пред да почнеме.
Од втората половина на деведесеттите наваму, речиси секое возило има имобилајзер - електронска заштита што го спречува палењето на моторот со неавторизиран клуч. Во главата на клучот е вграден мал чип наречен транспондер, а во возилото има антена околу бравата за палење или старт копчето. Кога ќе го вметнете клучот или сте близу до сензорот, автомобилот бара сигнал од чипот и го споредува со кодовите што ги има зачувано.
Токму затоа сечењето на клучот не е доволно. Ако новиот клуч не е кодиран, тој ќе ги отклучи вратите и ќе се врти во бравата, но имобилајзерот ќе го блокира палењето и на таблата ќе светне сигнал за клуч. Програмирањето значи чипот да го впишеме во управувачката единица на возилото преку дијагностички уред, најчесто преку OBD приклучокот, за системот да го прифати клучот како свој.
Секоја марка има своја процедура и своја заштита. Кај едни модели впишувањето е брзо доколку имате барем еден работен клуч, кај други е потребен ПИН код или онлајн пристап до серверот на производителот. Затоа прво ги проверуваме марката, моделот и годината, ја читаме состојбата на имобилајзерот, и потоа ви кажуваме што е потребно и колку ќе трае.
Кога ви треба кодирање или програмирање на клуч
- Сакате резервен клучдодаваме нов кодиран клуч додека имате оригинал - побрзо, поевтино и без бришење на постоечките.
- Ги изгубивте сите клучевиправиме нов клуч од нула и го впишуваме во имобилајзерот за возилото повторно да пали.
- Изгубен или украден клучја бришеме меморијата и впишуваме само вашите клучеви, за стариот повеќе да не го стартува моторот.
- Купивте половно возилопрепорачливо е рекодирање за да бидете сигурни дека нема трет клуч во оптек кај поранешниот сопственик.
- Клучот не пали иако е точендијагностика на имобилајзерот - често е чип, антена или лоша врска, а не самата брава.
- Заменет чип или куќиштепо промена на батерија, транспондер или флип механизам понекогаш е потребно повторно кодирање.
Клучеви што ги програмираме во Скопје
Од обичен чип клуч до далечински и флип клуч со транспондер - го читаме имобилајзерот и го впишуваме клучот за возилото да го прифати како свој.

Чип клуч со транспондер
Го впишуваме транспондерскиот чип во имобилајзерот за палење на моторот - за обични клучеви со чип во главата.

Транспондер и клуч со копче
Кодирање на клуч со копчиња (fob) - заедно го впишуваме и чипот за палење и командата за заклучување и отклучување.

Флип клуч со кодирање
Изработка и програмирање на флип клуч со преклопно перо - чипот се кодира, а далечинскиот се спарува со возилото.
Прво го читаме имобилајзерот, потоа кодираме
Кодирањето не е погодување. Со дијагностички уред се поврзуваме на возилото и ја читаме управувачката единица на имобилајзерот - колку клучеви се впишани, дали има грешка и каква процедура бара конкретниот модел. Дури тогаш знаеме дали е доволно додавање нов клуч или треба целосно ресетирање на меморијата.
Кога сите клучеви се изгубени, најпрво изработуваме и сечеме нов клуч според бравата, а потоа го програмираме и по потреба ги бришеме старите кодови. Ако сакате да разберете како тргнува целата постапка од нула, погледнете ја и нашата страница за изработка на автомобилски клуч.
Кодирање и програмирање по марка на возило
Кодирањето зависи од генерацијата на имобилајзерот, а таа се менува од модел до модел. Изберете марка и видете со кој уред работиме кај неа и што влијае на времето.
Кај новите генерации со висока заштита не ветуваме на слепо. Mercedes FBS4 од 2015 наваму, VW и Audi на MQB49 и MLB, заклучен BCM2 модул, BMW FEM и BDC и најновите Stellantis модели не се иста работа како постарите возила - дел од нив ги работиме, дел не.
Јавете се на 076 449 232 со моделот, годината и VIN бројот и ви кажуваме точно што е изводливо уште на телефон, пред некој да тргне. Проверката по телефон е бесплатна.
Колку чини кодирање и програмирање на клуч во Скопје?
Цената зависи од марката и моделот, типот на клучот и дали имате постоечки клуч или сите се изгубени. Подолу се вообичаените распони - точната сума ја потврдува мајсторот по читање на имобилајзерот.
| Услуга | Вообичаена цена | Време |
|---|---|---|
| Кодирање на дополнителен клуч (имате оригинал) | 1.500 - 6.000 ден | 15 - 40 мин |
| Изработка + кодирање на клуч со чип | 2.500 - 9.000 ден | 40 - 120 мин |
| Кодирање на далечински / флип клуч | 3.000 - 12.000 ден | 30 - 90 мин |
| Бришење на изгубен клуч од меморија | од 2.000 ден | 30 - 90 мин |
| Дијагностика на имобилајзер | од 1.500 ден | 15 - 45 мин |
| Смарт / keyless клуч (кодирање) | 6.000 - 20.000 ден | по проценка |
Од јавување до кодиран клуч што пали
Четири чекори - со дијагностика и понуда пред секоја одлука.
Јавете се со марка, модел и година
Кажете ни го возилото и дали имате барем еден работен клуч или сите се изгубени. Така веднаш проценуваме каква процедура бара имобилајзерот.
Дијагностика на имобилајзерот
Доаѓаме на локација во Скопје, се поврзуваме на возилото и читаме колку клучеви се впишани и што е потребно, па добивате јасна цена.
Изработка и кодирање
Ако треба, сечеме нов клуч, го впишуваме чипот во меморијата и по потреба ги бришеме изгубените клучеви од системот.
Проба на палење и команди
Проверуваме дека возилото пали чисто, сигналот за клуч е изгаснат и далечинското заклучување работи пред да завршиме.
Реални кодирања на клучеви во Скопје
Неколку примери од клучеви што ги програмираме - од обични чип клучеви до транспондерски и флип клучеви за различни марки во Скопје.



Што точно прави имобилајзерот?
Имобилајзерот е електронски систем за заштита од кражба што дозволува моторот да се стартува само со авторизиран клуч. Транспондерот во клучот нема батерија - тој се напојува од магнетното поле на антената околу бравата за палење и враќа шифриран код. Ако кодот се совпадне со записот во управувачката единица, возилото испраќа дозвола до системот за гориво и палење. Ако не, моторот се гаси или воопшто не тргнува.
Затоа кодирањето е чувствителна операција - работиме внимателно за да не се блокира единицата и секогаш пробуваме дека сè функционира пред да заминеме. Ако ви треба резервен транспондерски клуч или флип клуч, погледнете ги и нашите страници за чип и транспондер клуч и далечински и флип клуч, или целата понуда на автоклучар услуги во Скопје.
Можеби ви треба и ова
Прашања за кодирање и програмирање на клуч
Кодирање и програмирање на клуч по општини во Скопје
Мобилен автоклучар - доаѓаме кај возилото во сите десет општини во Скопје. Изберете ја вашата општина.