Прво проверете ги овие три работи
Дали вратата е само затворена или е и заклучена со клуч. Врата што само се затворила со ветер е побрза и поевтина работа од врата заклучена во сите точки.
Дали има друг влез - балконска врата, помошна врата, прозорец во приземје што е отворен. Понекогаш најбрзото решение не е воопшто влезната врата.
Дали некој друг има клуч. Роднина, сосед, сопственик ако сте под кирија. Ова звучи очигледно но во паника често се заборава.
Што да НЕ правите
Не обидувајте се со картичка или нож. Кај современите брави тоа не работи, а може да го оштети јазичето или рамката, што потоа е дополнителен трошок.
Не вртете со сила и не кршете го цилиндарот. Скршен цилиндар во бравата значи дека и по отворањето мора да се вади остаток, а бравата често се менува целосно.
Не дупчете сами. Дупчењето е последна опција дури и за нас, и се прави само кога отворањето без оштетување не е возможно. Погрешно дупчење уништува и брава и врата.
Не оставајте детето или животното внатре без да кажете. Ако има некој заклучен внатре, или пуштен шпорет, кажете го тоа веднаш на телефон - тоа е итен случај и се третира поинаку.
Како всушност се отвора врата без штета
Кај цилиндрични брави најчесто се работи со техника што ги поместува запците внатре во цилиндарот, без да се оштети ниту цилиндарот ниту вратата. По отворањето вашиот клуч продолжува да работи нормално.
Кај сигурносни и оклопни врати со повеќеточково заклучување постапката е поинаква и побавна, бидејќи механизмот е посложен и вреден. Токму затоа кај нив никогаш не се почнува со дупчење.
Целата услуга е опишана на страницата за итно отклучување на стан и куќа.
Што бараме пред да отвориме
Бараме доказ дека станот или куќата се ваши, или дека живеете таму. Лична карта со адреса, договор, сметка на ваше име, потврда од сосед или управител.
Ова не е формалност и не правиме исклучоци. Клучар што отвора врата без проверка е ризик за секој што живее во таа зграда, вклучително и за вас.